Пепе стана првиот играч кој го издрибла Ван Дајк по 50 натпревари во Премиер лигата (Видео)

pepe-dijk

Арсенал не ги искористи шанси во првото полувреме на „Енфилд Роуд“ и сурово беше казнет за тоа од немилосрдниот домаќин, па затоа мала утеха за фановите на клубот од Северен Лондон ќе биде тоа што нивни играч стана првиот кој го мина Вирџил Ван Дајк по цели 50 натпревари во Премиер лигата.

Суперзасилувањето Пепе беше убедливо најдобар играч на Арсенал во првото полувреме и тој не ја реализираше најзрелата шанса, но истовремено, стана и првиот фудбалер кој успешно го мина Ван Дајк после 50 меча во елитното друштво. Последен играч кој имаше направено успешен дриблинг против Холанѓанецот беше Микел Мерино во 2018-та година.

Facebook Коментари