Поврзете се со нас

Свет

Пепе со урнебесна изјава: Луѓето мислат дека сум неранимајко, а јас спиев со мајка ми до 17 години

Објавено

на

Дефанзивецот на Порто и еден од најпргавите и најекстентрични играчи во светот на фудбалот, Пепе даде урнебесна изјава за медиумите во Португалија.

38 годишниот Пепе е роден во Бразил, а пред да наполни 18 години се преселил во Порто каде почнал да ја гради и професионалната фудбалска кариера. Од тогаш до денес, Пепе прерасна во еден од најдобрите стопери кој има освоено се што може да се освои.

Пепе важи за доста груб и на моменти лош фудбалер и токму затоа неговата последна изјава поврзана со неговото детство привлече доста внимание во јавноста.

– Пред да дојдам во Португалија, како 17 годишник спиев со мојата мајка. Замислете го тоа, луѓето мислат дека сум неранимајко, а јас спиев со мајка ми. Човече, веќе и тогаш бев голем и спиев со моите родители, дури сега си замислувам колку татко ми не сакал да бидам во нивната соба. Тоа сум јас, момчето што додека не наполни 18 години спиеше со неговата мајка сега има освоено три титули во Лигата на шампионите. Вистина е, никогаш не замислував дека ќе ми се случи ова, -изјави Пепе.

Пепе на 17 години се пресели во вториот тим на Маритимо, потоа доби прекоманда во првиот тим на овој клуб пред да направи трансфер во Порто од каде замина за Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни