Поврзете се со нас

Италија

Пепе со коментар за состојбата на Роналдо во Јувентус: Мислам дека тој е…

Објавено

на

Медиумите се почесто пишуваат дека Кристијано Роналдо не е среќен во Јувентус и дека наскоро би можел да си замине од клубот од Торино.

Дел од весниците во Италија пишуваат дека и Јувентус сака да се ослободи од португалскиот ас кој не им помогна во намерата да стигнат до титулата во Лигата на шампионите. Оваа година Јувентус е и уште полош па голема е веројатноста дека ќе остане и без титулата во Серија А.

На шпекулациите поврзани со иднината на Роналдо коментар даде и добриот пријател на офанзивецот и негов соиграч од репрезентацијата на Португалија, Пепе.

– Искрено, бидејќи го знам каков е, не верувам дека би ги толерирал ваквите муабети поврзани со него и фудбалот. Мислам дека е среќен во Торино, тој е најдобар стрелец во Серија А, а оние кои го критикуваат немаат поим колку е тешко да постигнеш над 30 голови секоја сезона.

– Тоа што може да го направи Кристијано е неверојатно, се надевам ќе остане во играта уште многу години и ќе им дава радост на фудбалските вљубеници, -изјави Пепе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни