Поврзете се со нас

Свет

Пепе призна дека играчите на Порто посебно таргетирале една ѕвезда на Арсенал: Пробавме да го неутрализираме

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCPorto

ЛЕгендарниот Пепе игра фудбал на завидно високо ниво и на 41 година и беше лидер на Порто во двете пресметки со Арсенал, но на крајот капитенот мораше да се помири со болен пораз во пенал рулетот.

Поранешниот стопер на Реал Мадрид ги воодушевува фановите со својата физичка подготвеност во петтата деценија од животот, па како лидер кој е свесен дека работите можат да бидат многу непријатни и сурови во фудбалот, тој бил првиот кој се соочил со новинарите по крајот на мечот на „Емирејтс“.

– Прво и основно, сакам да им се заблагодарам на нашите фанови кои дојдоа тука. Тие беа неверојатни и беа наша поддршка. Второ, вистинска штета е што сме елиминирани на ваков начин, но таков е фудбалот.

– Се покажавме како зрел тим и му создадовме огромни проблеми на Арсенал. Започнавме на домашен терен, а продолживме и тука. Морам да им честитам на моите соиграчи за добрата борба, го направивме она што го бараше тренерот од нас. Можевме да бидеме подобри во одредени ситуации, не ни помогна и тоа што тие постигнаа погодок со првиот удар кон голот, – изјавил Пепе, кој во анализата признал дека играчите на Порто посебно таргетирале еден фудбалер на Арсенал, капитенот Одегард.

– Не смее да се заборави дека се носевме со Арсенал, фантастичен тим кој постигнува голем број голови во Премиер лигата. Дојдовме тука да ја играме нашата игра и да го неутрализираме Мартин Одегард. Наша цел беше да ја неутрализираме неговата игра меѓу линии. Добро знаевме што правиме, но за жал не успеавме да постигнеме еден гол. Мислам дека имаа и малку среќа, – завршил стоперот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни