Поврзете се со нас

Свет

Пепе од Порто со патетична глума ги разлути фудбалските фанови (Видео)

Објавено

на

Порто победи во големото дерби со Спортинг и го освои трофејот во Лига Купот, но ако има една црна дамка од финалето кое се одигра во Леириа, тоа е потегот на напаѓачот Пепе.

Покрај легендарниот Пепе кој е капитен на тимот, Порто во својот тим го има и Бразилецот Пепе кој има офанзивни задачи, но токму тој беше причина за големо незадоволство кај неутралните фудбалски фанови.

Бразилскиот напаѓач го расипа впечатокот на дербито со една срамна и патетична глума, за која дефинитивно требаше да заработи жолт картон од судијата.

Пепе се фрли во празно додека беше опкружен од двајца играчи на Спортинг, кои шокирани од потегот на противникот, бараа казна која сигурно ја заслужи.

Што се однесува до финалето, Порто победи со 2:0, а стрелци на головите беа Еустакио и Маркано.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни