Поврзете се со нас

Свет

Пепе направи класичен пенал, но со својот театар ги измами судијата и ВАР системот (Видео)

Објавено

на

Португалската влада даде зелено светло за продолжување на фудбалската сезона во оваа земја, па така вчеравечер Примеира беше реактивирана со два натпревари.

Актуелниот лидер на табелата Порто имаше „пеколно крштевање“ на рестартирањето на најсилното натпреварување, бидејќи португалскиот великан загуби на гостувањето кај Фамаликао, со што автоматски и овозможи на Бенфика со победа на својот натпревар од ова коло да дојде до првото место.

Порто загуби со 2:1 на гостувањето и даде до знаење дека паузата не влијаела позитивно врз тимот кој го води Консеисао, но тоа беше особено очигледно кај голманот Марчезин кој направи аматерска грешка, но и кај Пепе.

Искусниот стопер всушност направи класичен пенал пред да биде отворен резутлатот, но по некое чудо, немаше никако прекин на играта.

Повторената снимка покажува дека Пепа намерно ја подмести ногата и го фаулираше противникот за пенал, па несфатливо е како судијата и луѓето во ВАР собата не направија корекција и не досудија најстрога казна откако очигледно е дека наседнаа на неговиот театар.

FC Famalicão 0-0 Porto – Pepe possible penalty not checked by VAR from r/soccer

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни