Поврзете се со нас

Свет

Пепе комплетно се „исклучи“ и удри свој соиграч на теренот, судиите спречија поголем скандал (Видео)

Објавено

на

По ремито во големото дерби против Бенфика минатиот викенд, Порто вчера на гостински терен се врати на победите и го победи Фаренсе со минимални 0:1, натпревар на кој фаворитот не брилјираше, но сепак ја оствари зацртаната цел.

Порто продолжи да го следи чекорот на првопласираниот Спортинг и освоените три бода беа најдобра вест од мечот со еден од најслабите тимови во лигата, но од друга страна пак, по самиот финиш на мечот, црна дамка оставија двајца фудбалери од гостинскиот тим.

Веднаш по последниот свиреж на судијата, тоа што требаше да претставува честитка меѓу двајца соиграчи, на крајот се претвори во жестока пресметка и физички контакт меѓу Пепе и Лум Ендиаје.

Овој вториот влезе во 95-та минута од мечот со цел да се одземе некоја секунда, но најмногу ќе се памети овој негов настап по инцидентот кој го предизвика со легендарниот стопер кој е познат по вакви немили настани.

Пепе доби драконска казна во Примера поради напад на противнички играчи како член на Реал Мадрид, но сега за првпат во кариерата влезе во сериозен клинч со свој соиграч, а причините секако се нејасни. Двајцата најпрво се поздравија, но откако Ендиаје му дофрли нешто, Пепе збесна и дури успеа да го удри соиграчот пред да биде разделен од судиите кои спречија уште поголем скандал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни