Пепе го навлече гневот на јавноста, одби да се поздрави со собирачот на топки (Видео)

пепе

Поранешниот  фудбалер на Реал Мадрид, сегашен стопер на Порто, Пепе го навлече гневот на спортската јавност.

Имено, стоперот по натпреварот против Беленесенс на кој неговиот тим не успеа да слави имаше една реакција која веднаш се прошири на социјалните мрежи.

Детето задолжено за собирање на топките замина да се поздрави со најголемата ѕвезда на Порто, но Пепе само дрско одмавна со раката.

Осуда за фудбалерот стигна од сите страни поради ваквиот неспортски потег.

Facebook Коментари