Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пепе беснееше, Симеоне во улога на миротворец во хаосот на „Драгао“ (Видео)

Објавено

на

Како што можеше да се очекува, групата Б ги донесе најголемите возбудувања во последната рунда натпревари од групната фаза во Лигата на шампионите изминатава вечер, бидејќи на двата дуели се бараше еден патник во осминафиналната фаза.

Ливерпул беше сигурен како првопласиран без оглед на исходот во Милано, но со победата од 1:2, само потврди дека е класа за себе и убедливо најдобар со шест триумфи на исто толку меча.

Поради ваквиот расплет, Порто и Атлетико во директна пресметка решаваа за тоа кој ќе патува во нокаут рундата, а на крајот тоа е шпанскиот тим кој успеа да победи со 1:3 во натпревар кој се претвори во вистинска „војна“ во второто полувреме.

Порто беше многу подобар тим во првиот дел и не ја искористи иницијативата, а откако прими гол по еден корнер на стартот на вториот дел, следеа пеколни минути на „Драгао“. Караско заработи црвен картон во 67-та минута поради агресија, жолт картон поради протест доби Кореа, но хаосот не застана тука, бидејќи во следната акција, црвен картон добија и домаќините.

Турпан имаше нависитна тешка задача и се размавта со картоните, па црвен картон му покажа и на Вендел од Порто откако овој го удри Куња. Во овој момент, настана вистински хаос и мешаница на теренот, па жолти картони добија и Пепе и Отавио, a дополнително црвен картон од Порто доби и Марчезин кој беше на клупата.

Искусниот Пепе како капитен на Порто беснееше на теренот и се обидуваше да го вразуми Турпан за своите одлуки, но од друга страна пак, интересно беше тоа што темпераментниот Чоло Симеоне во дадената ситуација беше смирен и ја намалуваше тензијата во улога на миротворец.

– Атлетико имаше многу среќа, даде среќен гол од корнер и натпреварот заврши со многу тензија и конфузни ситуации. Имаше борба и тепање на теренот, а судијата почна неконтролирано да дели картони. Атлетико го однесе натпреварот таму кадешто посакуваше. ВАР е тука за да помогне, но овојпат не користеше за тоа. Атлетико не победи на начин на кој е научен да победува, – изјави револтираниот Пепе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни