Поврзете се со нас

Англија

Пеп за провокацијата до Ливерпул во стилот на Мурињо: Јас освоив шест титули, а Жозе три (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Пеп Гвардиола во неделното дерби го видовме во доста невообичаено издание за него, одговорајќи на прозивките од трибините на „Енфилд Роуд“ со јасна гестикулација.

Гвардиола одговори со провокација и подигна шест прста во чест на шесте титули кои ги освои во Премиер лигата во последните седум години, а бидејќи ова беше доста коментирана тема по дербито со Ливерпул, истата се провлече и на најновата прес-конференција.

Во најавата за денешниот меч со Нотингем Форест, еден англиски новинар направи паралела меѓу Жозе Мурињо и Пеп Гвардиола, потсетувајќи го Шпанецот дека неговиот колега направил нешто слично кога покажуваше три прсти за трите освоени титули во англиската елита.

Новинарот заклучи дека тоа всушност бил „почеток на крајот“ за Мурињо во Англија, па го запраша Пеп дали и него може да го снајде истата судбина.

– Се надевам дека со мене нема да биде таков случај. Во некои ситуации, јас и Мурињо сме слични на некој начин. Сепак, тој осови три титули во Премиер лигата, а јас освоив шест. Има разлика, – изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни