Поврзете се со нас

Англија

Пеп за неверојатната шанса која не ја реализираше Палмер: Добро е што беше дарежлив (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Манчестер Сити имаше ужасен старт на дербито против Челси и брзо прими гол по огромната грешка на Хусанов, но ризикуваше почетните 10 минути да бидат целосно кошмарни.

Една загубена топка на Мармуш се претвори во извонредна контра за гостите, меѓутоа Палмер реагираше некарактеристично лошо за негови стандарди и упропоасти стопроцентна шанса за 0:2.

Наместо да завршува, Палмер реши да додава и ја усложни акцијата, па откако истата не заврши со гол, Сити имаше доста полесна задача да се врати во мечот.

„Граѓаните“ на крајот славеа со 3:1 и се вратија на четвртото место на табелата, а Гвардиола не пропушти шанса да ја искоментираа акцијата која можеби беше и клучна на дербито.

– После водечкиот гол, Кол имаше извонредна шанса за 2:0, но тој беше премногу дарежлив кон нас во дадената ситуација. Во нормални околности, Палмер е како машина во такви ситуации. Имавме доволно среќа да донесе погрешна одлука, а потоа успеавме да се вратиме и да направиме пресврт, – изјави Гвардиола.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни