Поврзете се со нас

Англија

Пеп за двоецот кој го испрати во Арсенал: Дали е грешка? Затоа што победуваат? Тие беа…

Објавено

на

Манчестер Сити утре ќе го пречека Арсенал во дерби средбата во ФА Куп, битка на која ќе видиме многу познати лица, имииња кои имаа можност да сооработуваат заедно во минатото.

Ова е воедно прилика да се види колку е силата, моќта на „топчиите“ кои се први во Премиер лигата, ама во исто време треба да се потенцира дека досега не се соочиле со составот предводен од Пеп Гвардиола. Улога во овој нов квалитетен Арсенал дефинитивно има двоецот Габриел Жезус и Олександр Зинченко кој токму од Сити заврши на „Емирејтс“, но без разлика на се што досега се случи Гвардиола не жали што Бразилецот и Украинецот ги испрати во лондонскиот состав.

-Дали е грешка? Зошто? Затоа што победуваат? Тие беа неверојатни за нас, ние имаме неверојатна почит кон нив прво како луѓе прво и потоа како фудбалери. Секако дека сакаме да ги победиме, но целиот успех што го имаа, јас сум повеќе од воодушевен. И двата клуба се согласија и тоа е се, -порача предводникот на актуелниот англиски првак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни