Лига на шампиони
Пеп се прикажа во улога на собирач на топки, па мораше да му се извинува на противничкиот тренер (Видео)

Пеп Гвардиола немаше воопшто мирна вечер на „Итихад“ и постојано беше на нозе крај аут линијата, особено поради фактот што неговиот тим бркаше резултат на натпревар кој мораше да го добие.
Клуб Бриж поведе пред крајот на првиот дел и дополнително ги усложни работите за фаворитот, но Манчестер Сити излезе како друг тим во вториот дел и набрзина постигна три гола за пресврт и победа.
Гвардиола навистина емотивно ги доживуваше случувањата на теренот и по голот за 2:1 го шутираше малиот фрижидер во кој се чува водата, меѓутоа за време на средбата имаше интересна ситуација и со противничкиот тренер.
Во многу ситуации од натпреварот, Гвардиола се покажа во улога на собирач на топки и се обидуваше што побрзо да продолжат акциите на неговиот тим, по што во еден момент го удри Ники Хајен.
Шпанецот брзо увиде дека ја додаде топката на погрешно место, по што експресно му се извини на колегата и џентлменски го прегрна во жар на борбата.
Imagine not loving Pep Guardiola 😭♥️
— Sara 🦋 (@SaraFCBi) January 30, 2025
Pep Guardiola tried to throw the ball to Matheus Nunes after it went out of play, but accidentally hit Club Brugge manager Nicky Hayen.
He gave him a hug mid-game to apologise 😂❤️ pic.twitter.com/qgIyL16OFW
— ESPN UK (@ESPNUK) January 30, 2025
-
Лига на шампиони17 часа
Агуеро си игра со оган: Ако Реал го победи Сити…
-
Шпанија24 часа
Марсело играше со безброј ѕвезди во Реал, но останал посебно изненаден од еден соиграч: Не му се одземаше топката
-
Италија22 часа
Колина побара промена на едно важно пенал правило и привлече големо внимание во јавноста
-
Лига на шампиони16 часа
Гвардиола и Анчелоти одбраа: Валверде почнува како десен бек за Реал, Пеп изненади со изборот за играч за врска (ФОТО)
-
Франција23 часа
ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење (Видео)
-
НБА23 часа
Нова убиствена комбинација: Дончиќ додава, ЛеБрон реализира (Видео)
-
Англија17 часа
Сколс за премиерлигашката ѕвезда: Тој треба да оди во подобар и поголем клуб од Арсенал
-
Лига на шампиони13 часа
Фуриозна кралска завршница: Реал со пресврт до голема победа на „Итихад“ (ВИДЕО)