Италија
Пеп се јави од фудбалско предавање во Италија: Ако Лукаку постигнеше гол од два метри…..

Пеп Гвардиола ова утро го посетил Кунео и бил дел од фудбалското предавање во овој италијански град, каде на малите дечиња се обидел да им ја посочи еднкавата важност која ја имаат победата и поразот.
Шпанскиот стручњак е на италијанско тло неполн ден по непријатниот пораз кој го доживеа Манчестер Сити во дербито со Арсенал, но менаџерот на „граѓаните“ не крева паника и верува дека неговиоте фудбалери ќе извлечат поуки од овој неуспех.
– Луѓето велат дека од поразот се учи повеќе, но со победата се живее подобро. Најважно е да имате баланс. Мора да останете мрни и кога губите, да не паѓате во очај и да мислите дека сте катастрофални.
– Сега сите гледаат на Манчестер Сити како да сме феномени, но ако Лукаку дадеше гол од два метри во финалето, работите ќе беа поинакви…. Затоа велам дека мора да останете мирни и после пораз, мора да работите мирно и да се вратите на работа.
– Талентот во фудбалот се докажува такашто продолжуваш при секој пад и секоја грешка. Фудбалот се докажува и се учи на теренот, а не од дома и на социјалните мрежи, – порачал Гвардиола.
-
Шпанијапред 18 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 14 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 13 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 15 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 7 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 19 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг