Поврзете се со нас

Англија

Пеп пронајде решение за „волците“, Сити со „тројка“ го освои „Молињу“ (ВИДЕО)

Објавено

на

blank

Манчестер Сити со победа ја отвори сезоната во Премиер лигата и тоа против Вулверхемптон, тим кој секогаш е незгоден за нив.

Минатата година „волците“ ги добија двете пресметки во шампионатот, па избраниците на Пеп Гвардиола имаа дополнителен мотив за да слават вечерва на „Молињу“, цел која ја остварија со триумф од 3-1. Ова за „граѓаните“ беше прво славје на овој терен откако Волвс се врати во елитната конкуренција, а до истиот ги предводеше Де Брујн.

Белгиецот во 20 минута беше прецизен од белата точка, додека пак во 32 минута ја отвори акцијата која ја финишираа Стерлинг и Фоден.

Овој резултат беше активен до 78 кога Хименез донесе мала неизвеснот околу победникот, неизвеснот која траеше до 95 кога Жесус ги постави конечните 3-1. Сити следниот лигашки предвизвик ќе го има на „Итихад“ против Лестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни