Пеп одржа лекција на пресот и застана во одбрана на Клоп: Немој да им кажувате на менаџерите што да прават! (Видео)

pep-jirgen1

Јирген Клоп ја крена на нозе цела англиска јавнсот со изјавата дека ќе го бојкотира натпреварот против Шрусбери во ФА Купот, сето тоа откако неговиот Ливерпул не успеа да ја заврши работата на првиот меч кој се одигра измиантиов викенд.

„Црвените“ одиграа 2:2 и поради тоа на почетокот на месец февруари ќе бидат приморани да играат втор натпревар на „Енфилд“, за кој Германецот најави дека Ливерпул ќе игра со младинскиот тим, кој инаку ќе биде воден од тренерот Нил Кричли. Клоп навести дека тој и неговите играчи од првиот тим нема да се појават на вториот меч поради тоа што за тој период им е предвидена зимската пауза, но јавноста сериозно го нападна Германецот и му порача дека со таквиот став покажува големо непочитување кон најстарото фудбалско натпреварување во Англија.

За разлика од медиумите и дел од експертите, Пеп Гвардиола денеска застана во одбрана на својот колега, јасно порачувајќи им на новинарите да не им кажуваат на тренерите како да ја вршат својата работа.

– Ние го прифаќаме распоредот, ги прифаќаме натпреварувањата, прифаќаме да играме секој втор или трет ден, но немој вие да им кажувате на менаџерите каква селекција треба да направат. Тоа е наша работа, ќе бидеме таму каде што ќе ни кажат. Но, нема потреба да кажувате кои играчи треба да играат, тоа е наша одговорност, – порача Пеп.

Facebook Коментари