Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пеп објасни зошто Халанд не „мрдна“ против Интер

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Ерлинг Халанд беше добро неутрализиран од зонската одбрана на Интер и не дојде до израз со својата физичка моќ, па иако задолжен за него беше Франческо Ачерби кој најчесто му играше „фластер“, Пеп Гвардиола даде подетално објаснување за тоа што го видел на теренот.

Халанд навистина немаше многу простор за докажување и најчесто изгледаше осамено во нападот на Сити, а Пеп вели дека тоа било така поради фактот што бил опкружен од дури шест противнички фудбалери.

– Халанд бранет од Ачерби? Јас не видов така, видов дури шест играчи на Интер околу него. Тројца имаше зад него и тројца пред него.

– За било кој играч во светот би било тешко против Бисек, Ачерби, Бастони, Чалханоглу, Барела и Зиелински. Не му помагавме доволно добро во тој дел од теренот.

– Требаше да имаме повеќе играчи околу него и да му отвораме во празно. Го направивме двапати тоа во второто полувреме со Гундоган и Фоден, но беше евидентно дека играчите на Интер се физички посилни од нас. Не очекував да имаме 25 шанси против Интер или било кој друг италијански тим. Честитки за тоа како се бранеа, имавме неколку добри шанси, но не ги реализиравме, – изјави Пеп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни