Англија
Пеп обелодени што му порачал на својот помошник по четвртиот гол на Сити

Дерби пресметката меѓу Челси и Манчестер Сити ги задоволи сите сладокусци на Премиер лигата и воопшто на фудбалската игра, бидејќи во еден отворен и спектакуларен меч, голови паѓаа како на лента.
Сити три пати водеше и имаше предност од 0:1, 2:3 и 3:4, но на крајот Челси ги постави конечните 4:4 со гол на Кол Палмер во судиското продолжение, нешто што всушност го намирисал Пеп Гвардиола.
Шпанскиот стручњак обелодени дека не останал мирен и после четвртиот гол на Родри кој беше постигнат во 86-та минута, а ја откри и конверзацијата која ја имал со својот помошник.
– Кога Родри постигна гол, му искоментирав на Хуанма дека ќе се случат уште многу работи до крајот на натпреварот. На крајот се случија многу работи и примивме гол.
– Можеше да биде подобро, но можеше да биде и полошо за нас. Ова беше добра реклама за Премиер лигата. Тесен меч, возбудлив до самиот крај. Тие стартуваа подобро, креираат нешто ново и имаат навистина добри нови играчи. Можеби резултатите не им одеа во прилог, но имаат квалитет. Ние имавме свои моменти, тие имаа свои моменти. Среќно постигнавме гол за 4:3 и после тоа немавме перфектни одлуки. Тоа е што е, не притиснаа и мислам дека конечниот резултат е фер за двата тима, – изјави Пеп.
-
Шпанијапред 19 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 15 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Англијапред 14 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Светпред 18 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 18 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Англијапред 8 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Италијапред 16 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 19 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг