Англија
Пеп: Не се согласувам со изјавата на Халанд
Ерлинг Халанд го прекина молкот и првпат се огласи во јавнсота откако Манчестер Сити влезе во сериозен играчки пад, криза која трае веќе два месеци и која направи шампионот да има само една победа на последните 12 натпревари.
Последниот пораз од Астон Вила беше деветти во споменатиот период и тоа доволно говори во каква положба е тимот на Пеп Гвардиола, а додека шпанскиот стручњак ја бара вината кај себе, Халанд по натпреварот во Бирмингем тврдеше дека тимот страда поради фактот што тој не е на посакувано ниво.
Норвежанецот беше самокритичен и нагласи дека со својата форма не му помага на тимот, нешто што изнуди реакција и од Гвардиола во подоцнежното обраќање на прес-конференцијата.
– Не се согласувам со изјавата на Халанд. Без него ќе бевме уште полоши од ова. Сепак, мило ми е што играчите имаат свест и за самокритика, само така ќе станеме подобри.
– Постојат две опции: Да си судите на себеси, или да се обвинувате! Не се согласувам со изјавата на Халанд, бидејќи тој е играч кој треба да добие вистинска топка во најопасната зона од теренот. Се обидуваме да се поправиме и ќе продолжиме да работиме напорно за да бидеме подобри на следниот меч, – нагласи Гвардиола.
-
Англија20 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП14 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија12 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Репрезентација15 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Македонија22 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Шпанија13 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Германија16 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија13 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…