Пеп на официјалниот прес во ЛШ носеше моден додаток кој вреди еден милион евра (Видео)

pep-grimasa-pres

Пеп Гвардиола му подели многу комплименти на Џанпјеро Гасперини за време на прес-конференцијата која ја одржа во пресрет на дуелот во Лигата на шампионите, но за весниците кои се занимаваат со таблоидни вести, огромно внимание привлече и еден детаљ од стајлингот на шпанскиот стручњак.

Гвардиола на официјалниот прес за дуелот со Аталанта се појави со часовник на раката, а сега медимите од Островот и Шпанија ни открија дека не станува збор за било каков моден додаток, туку за изработка која во овој момент вреди повеќе од еден милион евра. Се работи за „Рафаел Надал“ серијата часовници која ја произведува луксузниот швајцарски бренд „Ришар Миј“, а од часовникот како оној што го носи Гвардиола, има лимитиран број од само десет.

Пеп е еден од оние кои ја имаат привилегијата да го носат овој рачен часовник, чија почетна цена била 800 илјади евра, а сега надминува еден милион евра.

Facebook Коментари