Пеп има проблем зад воланот: Гвардиола уништил четири скапи автомобили откако е во Англија (Фото)

pep-kola

Пеп Гвардиола забележа историски успеси откако е дел од англискиот фудбал и веќе освои две титули во Премиер лигата, но ако на спортски план му оди навистина добро и импресивно, денеска излезе една интересна сторија која всушност ја открија двајца писатели кои ја напишаа книгата „Сити на Пеп“.

Лу Мартин и Пол Балус се творци на делото во кое главен фокус се става на кроењето на супертимот на шпанскиот фудбалски стручњак, но сепак, на таблоидите огромно внимание им привлече еден податок поврзан за неговиот најголем проблем во Англија. Според информациите, поранешниот тренер на Барселона има големи проблеми да се навикне на возењето во Британија со оглед на тоа што таму се вози обратно од останатите земји во Европа (од левата страна), па веќе во својата непосакуваната статистика нанижал четири скапи автомобили.

Во книгата се открива дека Пеп уништил четири автомобили кои надминуваат вредност од половина милион евра, а еден од нив (Рејнџ Ровер) го расипал откако наместо дизел, му ставил безоловен бензин.

Покрај Рејнџ Роверот чија вредност е 175 илјади евра, Пеп упропастил и Мерцедес ГЛЕ кој чини 93 илјади евра, Бентли од 234 илјади евра и Мини Купер од 35 илјади евра.

– Гвардиола има епитет на несреќен возач уште од времето во Барселона. Неговите ретровизори не траат долго, а покрај тоа, преполни еден Рејнџ Ровер со бензин наместо со дизел, а уништи и сребрено Бентли, – велат авторите.
pep-koli

Facebook Коментари