Поврзете се со нас

Англија

Пеп: Има огромна разлика, се подготвувавме само 10 минути за Саутемптон

Објавено

на

Пеп Гвардиола никако не можеше да биде задоволен од изданието на неговиот тим против Саутемптон, натпревар на кој Манчестер Сити повеќе од 70 минути немаше испратен директен шут кон голот на гостите.

Шпанскиот стручњак уште во средата насети дека пресметката со „светците“ може да биде многу тешка и побара од фановите во што поголем број да се најдат на трибините, но ниту тие не можеа да помогнат за подобра партија од актуелниот англиски првак кој на крајот мораше да се задоволи со 0:0.

Гвардиола истакна дека нема никакви забелешки за својот тим и покрај тоа што нерешениот резултат е најправеден, но не пропушти да нагласи дека противникот имал нормални подготовки за дуелот, нешто што не е случај за неговиот тим.

– Немавме доволно време да се рехабилитираме од натпреварот во средата, немавме свежина во главата, немавме добри решенија на теренот. Саутемптон се подготвуваше за овој дуел седум дена, а ние само 10 минути, тоа е огромна разлика.

– Одработивме краток тренинг од 10 минути и не можевме да бидеме клучни во последната третина од мечот. Немавме многу шутеви кон голот, но за мене сето ова е разбирливо, – порача Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни