Пеп Гвардиола уште еднаш призна: Ливерпул ќе биде шампион, да бевме во Шпанија, Германија или Италија…

pep

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола веќе нема дилеми кој ќе ја освои титулата во Премиер лигата.

Шпанецот посочи дека Ливерпул дефинитивно ќе биде првак во Премиер лигата, а со ваквата неверојатна форма би бил шампион и во Шпанија, Италија и Германија.

– Секако дека Ливерпул ќе биде шампион во Премиер лигата, а би биле шампиони и во Шпанија, Италија и Германија. Би го прогласил за шампион тимот кој по 23 натпревари има 22 победи и едно реми. Со бодовите кои ги имаме сега во Шпанија би заостанувале само еден бод зад лидерот, исто како во Германија и Италија. Ливерпул едноставно е фантастичен и феноменален,  мора да го прифатиме тоа, -изјави Пеп Гвардиола.

Facebook Коментари