Пеп Гвардиола непристојно се однесуваше на прес конференцијата и одби да даде конкретен одговор на провокативно прашање (Видео)

pep

Јавноста во Англија сите очи ќе ги има вперено во неделниот дерби натпревар помеѓу Ливерпул и Манчестер Сити кој иако е рана фаза на првенството може да биде клучен во битката за титулата.

Сити мора да освои бодови доколку сака да остане конкурентен против засега феноменалниот тим на Ливерпул.

На прес конференцијата пред натпреварот, Пеп Гвардиола беше запрашан за коментар на изјавите на другите тренери дека неговите играчи прават најмногу фаули на натпреварите.

Новинар на „Дејли Мирор“ го запраша Шпанецот: -Повеќе менаџери ве обвинија за тактичко правење фаули. Тоа го кажаа и Пелегрини и Мурињо и Солскјер, а сега и Клоп. Дали тоа е критика упатена кон вашиот тим со причина. Што мислите за тоа? …

На ова прашање Пеп само даде краток одговор: -Немам коментар…, а новинарот на „Дејли Мирор“ продолжи со прашањето.

– Но, вашите колеги сигурно имаат некаков мотив кога го велат тоа, повеќе од нив дадоа таков коментар.

На ова прашање Гвардиола даде малку поопширен одговор:

– Како и сите менаџери, кога го подготвувамнатпреварот секогаш им велам на играчите што треба да направиме. Некогаш доцниме, некогаш…Немам коментар навистина. Знам точно што зборувам со своите играчи во последните 11 години. Ви одговорив на прашањето, пријателе, -заврши Гвардиола.

Facebook Коментари