Поврзете се со нас

Англија

Пеп го „пецна“ Нотингем Форест за условите кои ги понуди на „Сити Граунд“: Имавме среќа…. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Манчестер Сити засега одолева на притисокот кој го прави Арсенал и успеа да победи на уште еден меч во кој влезе со четири бода негатива, иако мора да се признае дека Пеп Гвардиола ќе го памети само резултатот од мечот на „Сити Граунд“.

Актуелниот шампион не брилјираше против Нотингем Форест и имаше доста среќа на оваа средба, бидејќи домаќините пропуштија неколку колосални шанси, од кои две на Вуд беа стопроцентни.

„Шумарите“ пропуштија да се вратат во игра и да му направат проблем на Сити, по што Халанд погоди за 0:2 и практично го реши прашањето околу победникот.

Пеп Гвардиола во својата анализа за мечот типуваше дека Арсенал нема да загуби ниту еден натпревар до крајот на сезоната, но исто така ги „поздрави“ луѓето од Нотингем Форест за лишуте услови кои ги понудиле за неделното попладне.

– Имавме многу среќа што теренот беше сув и многу цврст. Со подобри услови за игра, тие ќе имаа поголеми шанси да ги реализираат своите прилики. Немам ништо против такви тактики, но тоа денеска ни помогна нас. Имавме среќа, бидејќи ако имаа подобар контакт со топката, најверојатно ќе постигнеа голови. Ова беше навистина опасен меч и мило ми е што го оставаме зад нас, – изјави Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни