Поврзете се со нас

Англија

Пеп го очекува „пеколна“ недела, Сити за само седум дена ќе одигра три екстра тешки натпревари

Објавено

на

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола влегува во период кој би можел да го одреди текот на сезоната за неговиот клуб.

„Граѓаните“ ќе одиграат три екстра тешки средби од кои две во Премиер лигата, а една во Лигата на шампионите.

Најпрво „граѓаните“ викендов ќе гостуваат кај Челси, потоа играат со ПСЖ, за на крај да се соочат со тимот на Ливерпул.

Гвардиола пред натпреварите истакна дека за секој натпревар се подготвуваат посебно, а сега мислите им се насочени кон двобојот со Челси.

– Го подготвуваме овој натпревар како и секој. Се обидуваме да видиме каде сме ние, а каде е противникот. Да видиме на кој начин игравме против Челси и што беше добро, а што не. Ова е нова прилика за мојот тим да чи, да напредува и да биде подобар, -изјави Гвардиола кој потоа истакна дека е исто да играш против сите три големи тима.

– Исто е да играш против Челси, ПСЖ или Ливерпул. Знаеме дека тоа се најголемите предизвици, а намерата ни е да бидеме најдобри што можеме. Ќе биде многу тешко, секако.

– Кога ќе ја видите Премиер лигата, од година во година таа е се посилна. Играчите и тренерите од највисок квалитет се присутни овде, сега и навивачите се пак на трибините. Чест е да се биде дел од ова натпреварување, -заклучи Пеп Гвардиола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни