Англија
Пеп ги посочи двете позиции на кои Сити мора да се засили во јануари: Потребна ни е помош
![](https://derbi.mk/wp-content/uploads/2024/12/pep-aston.jpg)
Играчите на Манчестер Сити за момент му го поправија празничното расположение на Пеп Гвардиола и му донесоа победа за крај на 2024-та година, но шпанскиот стручњак е свесен дека проблемите нема да завршат со триумфот над Лестер.
Сити игра далеку од шампионски оваа сезона и повеќе од јасно е дека овој тим на Гвардиола го достигна зенитот по освоените четири последователни титули во низа во Премиер лигата, па се поочигледно е дека Шпанецот ќе добие неколку засилувања во зимскиот преоден рок.
Гвардиола веќе најави дека Сити ќе биде активен во јануари, но сега ги посочи и двете позиции на кои неговиот тим мора да биде засилен за вториот дел од сезоната.
– Де Брујне полека се враќа во тимот, но потребна ни е поголема поддршка во средниот ред. Потребно ни е освежување во средината и во последната четворка, тоа се позиции на кои најмногу страдавме од стартот на сезоната. Цело време имаме проблеми со играчи за врска и со дефанзивци и централни стопери.
– Потребна ни е помош на одредени позиции. Тимот и натаму е добар, но проблемот е тоа што не можеме да располагаме со цел тим многу недели во низа. Работите станаа тешки поради таквите околности, загубивме клучни играчи со недели и со месеци. Ќе има опции на трансфер пазарот, но никогаш не е лесно во јануари. Ќе биде скапо да се пазари, но ќе видиме што ќе може да направи клубот, – изјави Гвардиола.
-
Италија21 час
Консеисао директен: Можам да зборувам и два часа, но ако играчите…
-
Светски првенства19 часа
Николов и Начевски ја добија првата задача на СП
-
Италија16 часа
Поразителни бројки за „бјанконерите“: Овој Јувентус е далеку послаб од минатата сезона
-
Англија22 часа
Кукурелја беше жртва на еден од најбезобразните потези во Премиер лигата, судијата шокираше со одлуката (Видео)
-
Англија20 часа
Клоп со совет до Ливерпул за ситуацијата со Салах: Тој е најдобриот…
-
Англија18 часа
Гвардиола ја објасни „кавгата“ со голманот Ортега по ремито со Брентфорд (ВИДЕО)
-
Македонија19 часа
РФМ и клубовите се збогуваат со Јовиќ: Загубивме вреден спортски работник…
-
Балкан18 часа
Барди „раскинал“ со Трабзонспор, може да се врати во Шпанија