Поврзете се со нас

Свет

Пеп: ФИФА и УЕФА ги „убија“ играчите, за Халанд можам да кажам само едно нешто

Објавено

на

blank

Пеп Гвардиола обезбеди доста интересни наслови за медиумите со изјавите кои ги даде на прес-конференцијата во пресрет на четвртфиналето со Борусија Дортмунд, но уште еднаш ја искористи приликата за да го нападне убиствениот систем и распоред кој го направија двете најважни тела во фудбалот.

Шпанскиот стручњак прави многу ротации во својот тим во последно време и никогаш не излегува со истите фудбалери на два натпревари, а причина за тоа е пеколниот распоред кој го принудува да одмара фудбалери со цел да избегне незгодни повреди во клучниот дел од сезоната.

– За да биде во игра во сите натпреварувања, мора да имате клупа. Ова е најкратката сезона во историјата на фудбалот, ако не ротирате, нема да може да дојдете до ситуација во каква ние сме во овој момент.

– Фудбалерите имаат неверојатен ментаитет, но на секој човек му е потребен одмор. УЕФА и ФИФА ги „убија“ играчите, ова е премногу. Немавме ниту една слободна недела откако почна сезоната, – изјави Гвардиола и потоа доби прашања за Халанд.

– Ве разбирам сите, знам дека сакате да зборувате за Халанд. Тој е фантастичен напаѓач, но мене не ми доликува да зборам за него во овој момент. Можам да кажам само едно нешто. Халанд е исклучително добар напаѓач за своја возраст, бројките говорат за него. Фантастичен млад фудбалер и тоа е се што ќе кажам за него.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни