Поврзете се со нас

Англија

Пеп дозна од новинарите за контроверзната прослава на играчите на Арсенал: Тоа е добро….. (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Пеп Гвардиола доби тактичка лекција од својот ученик Микел Артета и неговиот Манчестер Сити настрада на гостувањето во Северен Лондон, каде вчера Арсенал во големото дерби успеа да слави со 5:1.

Искусниот шпански стручњак мораше да гледа нов распад на неговите фудбалери во завршните 20-тина минути на еден натпревар, а по дербито мораше да ги слуша и прашањата на новинарите поврзани за провокациите од теренот.

Младиот Луис-Скели го имитираше Ерлинг Халанд и ја режираше неговата прослава по погодокот за 3:1, но покрај младиот фудбалер, во исмевањето се вклучија уште неколку играчи на Арсенал.

Гвардиола на прес-конференцијата порача дека не го забележал тој момент на теренот, па имаше реакција во свој карактеристичен стил.

– Не го видов тоа….. Навистина го имитирал Халанд? Тоа е добро, тоа е добро……, – во неколку наврати порача Пеп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни