Поврзете се со нас

Англија

Пеп бара услуга од Саутемптон: Победете го Ливерпул со 4-0

Објавено

на

Манчестер Сити пропушти голема шанса да направи дополнителен исчекор во борбата за пехарот во Премиер лигата, односно на гостувањето во Лондон кај Вест Хем одигра „само“ 2-2 со тоа што во самиот финиш Ријад Марез промаши пенал за целосен пресврт и три бода.

Ова значи дека Ливерпул е жив во трката за пехарот под услов да го добие својот меч против Саутемптон кој е закажан за утре од 20:45 часот. Ако четата на Јирген Клоп го оправда статусот на фаворит тогаш ќе дојде на минус еден што значи дека ќе имаме вистинска драма во последното 38.коло.

Поради ова секако стартегот на „граѓаните“ се надева дека Саутемптон ќе направи „чудо“ и ќе го совлада освојувачот на англискиот Лига и ФА Куп.

-Да го победат Ливерпул со 4-0, -одговори Шпанецот на прашањето што Саутемптон може да направи против составот од „Енфилд Роуд“.

-Против овој тим на Ливерпул не можете да ја освоите лигата на четири кола до крајот. Треба да се борите до крај. Голема привилегија е што играме дома и се е во наши раце, -додеде Пеп и порача:

-Можам да ве уверам во нешто. За една недела нашиот стадион ќе биде толку гласен и ќе им го дадеме целиот живот, а тие ќе ни го дадат животот за 95 минути. Неверојатна привилегија е да се победи еден натпревар дома за да се биде шампион, -порача предводникот на актуелниот првак.

Сити во завршното коло се соочува со Астон Вила на Стивен Џерард.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни