Пензионер „ја олесни“ благајната на ДЛРМ за 11 илјади евра

sestpluseden-na-lotarija-2017

Државната лотарија на Македонија денеска соопшти дека во 76 коло од играта на среќа „Ново лото 7/34“ била добиена премија од 670 илјади и 485 денари за погодени „6+1“ броеви.

Среќен добитник е пензионер од Скопје кој еден ден пред извлекувањето на 23 септември уплатил ливче со само шест комбинации на среќното место во ТЦ „Бисер“. Неговата приказна пренесена низ соопштението на ДЛРМ е дека веќе три години ги игра истите броеви и дека при извлекувањето забележал дека се редат неговите комбинации, па прво ја известил сопругата, а потоа и другите членови на семејството. Добитникот со иницијали Д.Р. Потврдил дека ова не е негова прва добивка, но се надева дека нема да биде ни последна. Неговата порака до сите играчи на среќа е да го пронајдат своето среќно место и да ги играат своите среќни броеви, бидејќи со среќата никогаш не се знае.

ЗА ДОБРО !
Државна лотарија на Македонија

Facebook Коментари