Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Пеналот во ЛШ ја крена на нозе цела Италија: Завршивме со фудбалот! (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/ClubBrugge

Во една модерна фудбалска ера во која се анализира и секој наситен детаљ, судиите и луѓето во ВАР собата се почесто знаат да ги разбеснат фановите и верните симпатизери на овој спорт, но контактот за кој вчера беше досуден пенал во Бриж едноставно ја прели чашата во Италија.

Клуб Бриж доби пенал во 93-та минута за смешен контакт меѓу Иен и Нилсон, па откако сите со неверица го проследија истиот, првиот бран рафал критики дојде од таборот на Аталанта.

Тренерот Гасперини и белгиската ѕвезда Де Кетелар силно ја критикуваа ужасната судиска одлука, но серија критики пристигна и од цела италијанската јавност, во која се проследуваат изјавите на легендите на фудбалот.

– Се чувствувам победен во оваа битка, ова веќе не е фудбал. Не ни сакам да го коментирам овој пенал. Ако УЕФА го оправда овој пенал, завршивме со фудбалот!, – порача живата легенда на Интер, Бепе Бергоми.

– Ова беше шокантно за гледање. Вакво пенал е неприфатлив на ова највисоко ниво во Европа. Дури и навивачите на Клуб Бриж немаше да досудат пенал, – порачува Фабио Капело.

– Кој суди ваков пенал на еден фудбалски натпревар, едноставно не знае ништо за фудбалската игра, – нагласува Алесандро Костакурта.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни