Пеналот кој го изнуди Барди донесе историја: ВАР за првпат повтори најстрога казна поради новото правило! (Видео)

penal-morales

Вилјарел можеше да му даде пет гола на Леванте во првото полувреме кое се одигра на „Сиутат де Валенсија“, но откако не го направи тоа, „жолтата подморница“ во вториот дел се соочи со ситуација каква досега никој нема видено во Примера.

Имено, Леванте успеа да се врати во игра и да победи со 2:1 со два реализирани пенали, а првиот кој го изнуди нашиот Енис Барди ќе остане запишан во историјата. Најпрво истиот беше досуден со помош на ВАР, но со оваа технологија беше утврдено дека голманот на Вилјареал всушност „мамел“ при изведувањето на пеналот кој првично му го одбрани на Моралес. Имено, најновото правило за голманите при пеналите е навистина ригорозно и според истото чуварите на мрежата мора да имаат барем една нога на линијата пред изведувачот да ја допре топката, а бидејќи тоа не беше случај во ситуацијата, одговорните луѓе во ВАР собата му дадоа инструкција на судијата Мунуера да го повтори пеналот.

Голманот Андрес Фернандез и играчите на Вилјареал не можеа да поверуваат што прави судијата, но арбитарот остана до своето и откако Моралес не успеа да реализира, Рожер Марти се покажа како прецизен изведувач на најстрогата казна. На овој начин за првпат во историјата се повтори еден пенал во Примера благодарение на ВАР и новото правило, а истото наиде на огромна осуда од поранешниот шпански репрезентативен голман, Андреас Палоп.

– Оној што се осудил да го смисли правилото за голманот треба да се просветли. Движењето на Андрес Фернандез е природно движење на еден голман. Не можам да сфатам зошто го повторија пеналот, – порача Палоп.

Facebook Коментари