Поврзете се со нас

Свет

Пеналите се рутина за Линдберг, освен кога ќе го изведе најлошиот во кариерата (Видео)

Објавено

на

Вчерашните натпревари од германската ракометна Бундеслига донесоа интересни резултати, но и еден момент кој сигурно ќе биде вброен меѓу најсмешните моменти во сезоната.

Во главната улога бил искусниот дански ракометар Ханс Линдберг, кој и вчера ги изведуваше седмерците за својот тим Фухсе Берлин, но му се случи нешто невообичаено при обидот да го совлада противничкиот голман.

Она што е рутина за крилото се претвори во најтешка ракометна задача, па како едноставно да му се залепи топката и не успеа да погоди, тоа било и единственото промашување на Линдберг од оваа позиција каде имал ефект 3/4.

Гостите од Берлин победија против Минден, додека Жарко Пешевски и Штутгарт загубија со резултат 26:25 на дуелот со Бергишер, на кој нашиот репрезентативец имал само еден неуспешен обид за реализација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни