Поврзете се со нас

Европски првенства

Пенал бравурата на Ристовска повторно го привлече вниманието на ЕХФ (Видео)

Објавено

на

Сара Ристовска повторно го привлече вниманието со своите настапи на Европското првенство, а нашата најдобра ракометарка беше на ниво и во поразот од Унгарија.

Европската ракометна Федерација се запозна со трик-ударите на Сара и веќе го апострофираше овој нејзин квалитет во раната фаза од турнирот, но македонската репрезентативка се погрижи за нова бравура на вчерашниот меч.

Ристовска беше најдобра поединка во мечот на кој постигна шест голови, а оној постигнат од седум метри беше убедливо најатрактивен.

Сара со трик-удар ја надмудри унгарската голманка во периодот во кој Македонија дури и диктираше резултат во првото полувреме, потег кој беше доволно вреден за да биде споделен и од ЕХФ.

Македонија вчера го заврши својот настап на Европскиот шампионат на кој го освои првиот бод после 16 години, а поради тешкиот пораз на Турција во мечот со Шведска, нашите девојки на крајот завршија на третото место во групата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни