Поврзете се со нас

АТП

Пелја не се сложува со иницијативата на Ѓоковиќ: За него е лесно да биде хуманитарец

Објавено

на

Аргентинскиот тенисер Гвидо Пелја им се приклучи на Доминик Тим и Микаил Јужни како противници на иницијативата за финансиска помош на тенисерите кои не се дел од Топ 100 ранкингот.

– Најголемиот дел од нас не можат со финансиската состојба да се споредуваат со Ѓоковиќ, Надал и Федерер, кои во кариерата имаат заработени над 100 милиони долари.

– Ним не им е тешко да бидат хуманитарци и да одвојат по 30.000 долари во фондот, убаво е да се помага, но ова не е вистински начин. Не верувам дека некој тенисер умира од глад, во моментов мислам дека помошта е поважна за моите сограѓани кои се гладни.

Пелја дава и конкретни примери зошто иницијативата не е логична.

– Еден Кристијан Гарин неодамна стигна до 18 место на АТП листата, но тој е само формално во Топ 20, не верувам дека со заработката може да се споредува со тие на врвот. Од друга страна Џек Сок во моментов не е ни во Топ 200, а има заработено над 10 милиони долари на турнирите, – вели Пелја.

Иницијативата ја започна Новак Ѓоковиќ кој доби поддршка од Федерер и Надал, а идејата е тенисерите од 1 до 100 место на АТП ранкингот, во зависност до пласманот да одвојат од 30.000 до 5.000 долари, а парите од фондот да им бидат доделени на тенисерите кои се во потешка финансиска ситуација.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни