Поврзете се со нас

Европски купови

Пелистер згази, па застана за бод против Кадетен Шафхаузен

Објавено

на

Екипата на Еурофарм Пелистер не успеа да дојде до првата победа во Лигата на Европа иако ги имаше сите предуслови да го направи тоа на вечерашната пресметка против Кадетен Шафхаузен во Битола.

Македонскиот претставник одигра извонредно прво полувреме во двата правци и се избори за убедлива предност од шест голови (16-9). Меѓутоа избраниците на Бабиќ застанаа во продолжението, комплетно се променија улогите и гостите од Швајцарија успеаа да се изборат за реми од 25-25 со погодокот на Фримел.

Мандалиниќ со 6 и Кушан со 4 голови ја предводеа листата на стрелци кај Пелистер, додека пак на спротивната страна прво име беше Шелкер со 7 погодоци.

Следен противник на Еурофарм Пелистер е бундеслигашот Рајн Некар Левен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни