Поврзете се со нас

Европски купови

Пелистер загуби од Кадетен во Швајцарија, во осминафиналето ќе игра против најдобриот тим од групата Ц

Објавено

на

blank

Еурофарм Пелистер на крајот не можеше да ги надмине сите проблеми и да се избори за добар резултат на тешкото гостување во Шафхаузен, каде вечерва загуби од домашниот Кадетен во директна борба за второто место на табелата во групата Д.

Во последното коло од групната фаза во ракометната Лига на Европа, тренерот Жељко Бабиќ имаше доста проблеми при составувањето на тимот, бидејќи покрај повредените Кузманоски, Маџовски, Кушан, Кукуловск и Вегар, поради административни причини и проблеми со визата, за Швајцарија не отпатува фантастичниот Карим Хендави.

Феноменалниот голман кој брилјираше на претходните средби во Европа не можеше да им помогне на своите соиграчи, кои вечерва започнаа доста лошо и бавно во „ББЦ арената“, нешто што се покажа како клучно за поразот.

Кадетен одржуваше плус три и плус четири во првото полувреме и со ваква предност замина на пауза (16:12), а потоа во вторите 30 минути, константно го одржуваше водството и доста лесно славеше со 29:26.

Со оваа победа, Швајцарците си го обезбедија второто место во групата Д во која прв е Рајн Некар, што значи дека Пелистер остна на четвртото место кое му носи осминафинална пресметка со силниот Магдебург кој на десет натпревари, оствари девет победи во групата Ц.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни