Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер за инцидентот во „Јане Сандански“: „Чкембари“ не се виновни, редарите ги  нападнаа нашите навивачи

Објавено

на

Екипата на МЗТ Скопје му одржа вистинска лекција на Пелистер (86-62) во третата средба од финалето на плејофот во првата македонска кошаркарска лига.

Ова беше средба на која домаќините доминираа од првата до последната четвртина, но и дуел во кој имаше инцидент во третиот период. Имено истиот беше на трибините каде беа сместени гостинските навивачи по што мораше да интервенира полицијата, а во еден момент Пелистер се повлече во соблекувалната.

Денеска со реакција се јавија од битолскиот клуб кој застана зад „Чкембарите“, односно ги обвини редарите кои според нив ги нападнале навивачите.

Соопштението на Пелистер ви го пренесуваме во целост:

Кошаркарскиот клуб Пелистер целосно застанува зад навивачката група Чкембари бидејки истите воопшто не беа причинители за инцидентот.
Нашата навивачка група беше првично нападната од редарите, т.е. од лицата кои на трибините се задолжени да спречуваат инциденти а не да предизвикуваат инциденти.
Најостро го осудуваме овој нивен непрофесионален однос и се надеваме дека во иднина нема да бидеме сведоци на вакви немили настани.
Во Петок ги повикуваме Чкембарите и Битолските љубетли на кошарката во што помасовен број да ја исполнат спортската сала Боро Чурлевски и во една фер спортска и кошаркарска атмосфера да бидат нашиот 6ти играч во целта за изборување на мајсторка.
Со Почит
КК Пелистер
Реклама
Реклама
Реклама

Популарни