Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер убедливо го надигра фенерџијата Радовиш

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

Еурофарм Пелистер без проблеми запиша победа над Радовиш во првенствениот меч од 20. коло во Суперлигата.

И со комбиниран тим актуелниот шампион не виде мака со Радовиш кого го надигра со 39-24. Битолчани одиграа колку што им беше доволно против фенерџијата во шампионатот, средба во која двете полувремиња ги добија со 21:14 и 18:10.

Во елемент беше поранешниот македонски репрезентативец Манасков со десет постигнати голови, додека по пет реализации имаа  Борзаш, Ристевски и Петровиќ.

Кај поразените за кого ова беше прв натпревар под водство на новиот тренер Игор Котевски, се истакна Сантош со седум реализации.

Standings provided by Sofascore
Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни