Поврзете се со нас

АБА лига

Пелистер убедлив против Сутјеска за прва победа во АБА2

Објавено

на

Пелистер ја оствари својата прва победа во АБА2 лигата и тоа со убедлив триумф над Сутјеска изразен со резултат 93:73.

Вториот македонски претставник денеска го одигра вториот меч, па по поразот од Ловќен, битолскиот тим издоминира против Сутјеска за посакуван крај на првиот балон.

Пелистер имаше само четири поени предност на полувреме, но уште во третиот период си ја резервираше победата и не ја испушти позитивата до крајот.

Трајковски и Малешевиќ со по 16 поени беа најефикасни во редовите на Пелистер, додека Томашевиќ реализираше 23 поени во дресот на Сутјеска.

Пелистер, исто како и МЗТ ја заврши оваа фаза со ефект 1-1, а две победи обезбедија само Ловќен и Борац.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни