Поврзете се со нас

АБА лига

Пелистер со пораз го отвори третиот турнир во АБА2 лигата

Објавено

на

foto:twitter.com/ABA_League2

Македонскиот кошаркарски прволигаш, Пелистер доживеа пораз од Широки Бријег со 75:66 во првиот меч од третиот турнир во АБА2 лигата.

Избраниците на Радуловиќ имаа добри 20 минути кои ги круниса со предност  од 37:31, но по паузата работите се променија на теренот, домаќиниот одигра подобри во одбраната, а во исто време поефикасно во нападот и успеа да го сврти резултатот и да ја прослави петтата победа во шестиот натпревар во регионалната конкуренција.

Магдевски и Мијовиќ уфрлија по 12 поени за Пелистер, додека пак кај Широки незадржлив беше Нутал со 29 кошеви.

Цедевита е нареден ривал на клубот од Битола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни