Поврзете се со нас

Европски купови

Пелистер со нов пораз од Магдебург се прости од ракометна Европа

Објавено

на

Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија од Магдебург (35-24) и во вториот натпревар од осминафиналната фаза во Лигата на Европа.

Бундеслигашот и на втората средба потврди дека во овој момент е подобар, поквалитетен тим од „фармацевтите“ и сосема заслужено обезбеди билет за четвртфиналето во второто по ранг европско натпреварување.

Домаќините уште во првиот дел се изборија за предност од пет голови (14-9), предност која продолжија да ја зголемуваат во вторите 30 минути.

Мандалиниќ со 7 и Маџовски со 5 голови беа најефикасни играчи кај Пелистер, кај Магдебург прв стрелец беше Клуге со 7 погодоци.

Фото: РК Магдебург

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни