Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер со една моќна четвртина до славје против Феникс

Објавено

на

Кошаркарите на Пелистер ги оставија зад себе обврските во АБА2 лигата и денеска славеа над Феникс 2010 со 86:74 во дуелот од третото коло во првата македонска лига.

Фаворитот не блескаше, имаше осцилации во играта, но и една моќна четвртина беше доволна за триумф и задржување на 100 процентниот учинок. Имено клубот од Битола третиот период го реализираше со 30-12 по што создаде двоцифрена предност (75-60) која без проблеми ја одржа, одбрани во завршните десет минути.

Оваа рунда ќе биде затворена вечер во Кавадарци каде силите ќе ги одмерат актуелниот вицепрвак и актуелниот шампион, односно ќе гледаме битка на Еуро Никел со МЗТ Скопје.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни