Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер си подаде рака со двајца македонски репрезентативци

Објавено

на

Составот на Пелистер планира во следната натпреварувачка сезона да игра значајна улога во домашната кошарка, а за тоа доказ се потписите со двајцата македонски репрезентативци Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ.

Трајковски и Стајиќ се договориле со клубот од Битола, па со тоа уште од сега го решија клупскиот ангажман и ќе можат максимално да се посветат и што подобро ја чекаат следната натпреварувачка кампања.

Центарот освен од Македонија има настапувано во Полска, Косово, Унгарија, додека пак плејмејкерот постојано е во нашата држава каде смени неколку клубови. Интересно Трајковски и Стајиќ и во минатава сезона играа заедно и тоа Кожув, па сега одново ќе соработуваат ама во Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни