Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер се засили со поранешен македонски репрезентативец

Објавено

на

Foto:facebook.com/FC.PelisterBitola

Пелистер имаше одлична сезона во Втората лига и создаде респектабилен тим за враќање во елитата, но сега има за цел да остане во Првата лига и да прекине со лошите изданија во елитата.

„Зелено-белите“ денеска ја информираа јавноста дека се засилуваат со играч кој има големо интернационално и репрезентативно искуство, а во официјална вест го најавија како фудбалер кој треба да биде лидер во новата сезона.

Се работи за искусниото голгетер Мирко Ивановски, поранешниот македонски репрезентативец кој собра 27 настапи за најсилната селекција.

– Нашиот најдобар играч е тимот, а во него секогаш има лидери, идејни водачи, капитени. Меѓу оние кои го чувствуваат дресот, го знаат култот на Пелистер и неговата историја е нашето најново засилување. Напаѓачката улога во сезоната 2024/25 му ја доверивме на поранешниот репрезентативец на Македонија, Мирко Ивановски. Тој денес се обврза на потпис на договорот со матичниот клуб и неговото враќање посебно го радува нашето фудбалско семејство и армијата навивачи.

– 34-годишниот напаѓач повторно ќе игра во Првата македонска фудбалска лига, каде што дебитираше во нашиот дрес и ја освои титулата со Македонија Ѓорче Петров. Ивановски е еден од фудбалерите со најдолг интернационален стаж во нашата земја. Тој настапуваше за шест романски клубови: Петролул, Клуж, Астра Ѓурѓу, Конкордија, Динамо Букурешт и Тунари.

– Неговиот фудбалски пат го водеше во Чешка, Полска, Турција, Хрватска, Унгарија. Настапуваше за: Славија Прага, Арка Гдиња, Видеотон, Болуспор, Славен Белупо, Хајдук, Диосѓер… За македонската репрезентација има 27 натпревари, а настапуваше и за сите младински селекции. Тој веднаш му се стави на располагање на стручниот штаб и започна со тренинзи со фудбалерите на Пелистер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни