Македонија
Пелистер се засили со офанзивец од Русија, Георгиевски ќе го води Кожув

Македонскиот фудбалски прволигаш Пелистер направи промени во играчкиот кадар, односно се раздели со двајца играчи, а доведе засилување од Русија.
Имено за клубот од Битола нема повеќе да играат Александар Катаниќ и Михаил Талевски кој веќе беше промовиран како нов член на Вардар. Во таборот на „зелено-белите“ пристигна 27-годишниот Захар Тарсенко кој досега настапуваше во ерменскиот шампионат. Договорот е до крајот на оваа натпреварувачка сезона.
Пелистер воедно најави дека ќе бидат доведени уште 2-3 нови имиња.
Второлигашот Кожув пак има нов тренер и тоа во името на поранешниот македонски репрезентативец Славчо Георгиевски. Популарниот Тупан доаѓа на местото на Филип Деспотовски и целта ќе биде да се остварат што подобри резултати во вториот дел од кампањата.
Во тимот ќе бидат вклучени повеќе играчи од младинската школа и на нив останува да ја искористат шансата во крајот на сезоната.
-
НБА20 часа
Хиро најдобар „тројкаш“ во Сан Франциско, Вембенјама и Пол си поиграа со Ол-стар правилата и добија дисквалификација (Видео)
-
Шпанија13 часа
Белингам испрати нова порака за вчерашното исклучување и им се извини на соиграчите
-
Шпанија17 часа
Белингам „падна во замката“ за која Роналдо предупреди уште во 2018. година (Видео)
-
Италија15 часа
Фабрегас има „бисер“ во својот тим: Мајсторијата на Нико Паз го „смрзна“ Де Хеа (Видео)
-
НБА20 часа
Ол-стар лудорија: МекЛанг го направи незамисливото и испиша НБА историја (Видео)
-
Шпанија21 час
Анчелоти: Се случија многу чудни работи на последните три натпревари…..
-
АТП14 часа
Вавринка разочаран од одлуката за Синер, екс шпански тенисер застана во одбрана на Италијанецот
-
Италија9 часа
Рома победи со мајсторски слободен удар, Сузуки ја имаше одбраната на сезоната (ВИДЕО)