Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер се засили со кружен напаѓач од Хрватска (ФОТО)

Објавено

на

Foto:facebook.com/hceurofarmpelister

Составот на Еурофарм Пелистер ја информираше јавноста за разделба со седум играчи кои беа дел од тимот кој во изминативата сезона му ја донесоа титулата во домашниот шампионатот.

Шампионот Еурофарм Пелистер објави разделба со седум ракометари (Фото)

Набрзо по оваа вест, актуелниот првак соопшти нова информација за ново име, засилување со кружен напаѓач кој доаѓа од Хрватска. Се работи за 24-годишниот, Кајо Цикатиќ кој во таборот на „зелено-белите“ доаѓа од Горица, а е играч кој во минатото бел дел и од Загреб, а настапувал и за хрватските младински категории.

Тој во новата средина треба да биде претставен на крајот на јули во Битола.

Соработката е со важност од две години. Претходно Пелистер ги договори голманите Никола Митревски и Филип Ивиќ.

Foto:facebook.com/hceurofarmpelister

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни