Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер се засили со центар од Србија (ВИДЕО)

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Пелистер продолжува да го гради тимот за следната натпреварувачка сезона, а најновото засилување е 27-годишниот Игор Кесар.

Се работи за центар кој доаѓа од Рилски Спортист од Бугарија, но и играч на кого Македонија му е добро позната затоа што во минатото играше за Кожув. Тој со клубот од Битола потпиша двегодишен договор и со тоа стана четвртиот нов играч кој тренерот Марјан Илиевски ќе го има на располагање.

Претходно со Пелистер рака си подадоа Бојан Трајковски, Бобан Стајиќ и Јетмир Зекири. Инаку Кесар во својата досегашна кариера освен во Србија и Бугарија има настапувано и во Унгарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни