Македонија
Пелистер се коцкаше против Кожув, но оствари победа
Фаворитите во македонската кошарка не блескаа на денешните саботни натпревари во Првата лига, но после Работнички, победа вечерва оствари и Пелистер.
Битолскиот тим влезе како фаворит, но на крајот од натпреварот се коцкаше против гостите од Гевгелија, кои успеаја да се вратат од минус 13 и да режираа неизвесна завршница.
Пелистер диктираше три четвртини и педантно и трпеливо го зголемуваше водството, а откако истото достигна 13+, следеше голем пад во последните 10 минути.
Пелистер постигна само седум поени по осум минути игра во последниот период и Кожув дојде и до предност од 77:79, но кога дојде моментот на вистината, играчите во „зелено-бело“ повторно се разбудија.
На крајот, клучни беа двете тројки на Стојановски, па Пелистер на потежок начин стигна до победа од 92:87.
Брајан Антоан со 21 и Бобан Стајиќ со 17 поени беа лидери на победничкиот тим, додека најдобар играч на натпреварот беше Андреја Стевановиќ од поразениот тим со реализирани 30 поени
-
Лига на шампиони23 часа
Голема победа: Борбениот Пелистер и зема мерка на Висла во Битола
-
Англија22 часа
Мбапе повторно не реализираше пенал, Реал падна на „Сан Мамес“ (ВИДЕО)
-
Шпанија22 часа
Димитриевски со нов меч за Валенсија, „лилјаците“ минаа уште една пречка во Копа Дел Реј (ВИДЕО)
-
Шпанија11 часа
Анчелоти за играчот кој направи голема грешка при голот кој донесе пораз за Реал: Тој е недопирлив
-
АТП23 часа
Дел По со емотивно писмо му се обрати на Ѓоковиќ: Не си само најголем во историјата на спортот…
-
Шпанија14 часа
Мбапе презема одговорност и им се обрати на навивачите на Реал по новиот промашен пенал (Фото)
-
Англија13 часа
Кин запрепастен од еден играч на Јунајтед: Неговото ниво на фудбал е шокантно!
-
Англија22 часа
Мајстори за прекини: Арсенал преку два корнери до победа над Јунајтед (ВИДЕО)